Во вооружен напад на Талибанците во Авганистан загинаа 20 припадници на безбедносните сили

Портпаролот на губернијата Сар-и Пул Забихулах Амани истакна дека припадниците на Талибан извршиле вооружен напад на населеното место Сајад од три страни и дека притоа загинале 20 припадници на безбедносните сили, а 23 припадници биле ранети

1117169
Во вооружен напад на Талибанците во Авганистан загинаа 20 припадници на безбедносните сили

Во реализиран вооружен напад од страна на членови на терористичката организација Талибан во губернијата Сар-и Пул во северниот дел на Авганистан загинаа 20 припадници на авганистанските безбедносни сили, а 23 припадници се ранети.  

Портпаролот на губернијата Сар-и Пул Забихулах Амани истакна дека припадниците на Талибан извршиле вооружен напад на населеното место Сајад од три страни.

Амани рече дека во вооружениот напад загинале 20 припадници на безбедносните сили, а 23 припадници биле ранети.

Забихулах Амани додаде дека во вооружената престрелка до која што дошло биле убиени голем број припадници на Талибан.



Слични вести