Во експлозија на гас во градот Магнитогорск, во областа Чељабинск во Русија загинаа 4 лица

Од прес-центарот на Губернијата на Чељабинск е соопштено дека во една зграда во градот Магнитогорск во раните утрински часови се случила експлозија во која според првични сознанија животот го загубиле 4 лица, а имало и повредени

1116692
Во експлозија на гас во градот Магнитогорск, во областа Чељабинск во Русија загинаа 4 лица

Во експлозија на природен гас во една зграда во градот Магнитогорск, во областа Чељабинск во Русија, според првични сознанија животот го загубиле 4 лица.

Според објавеното соопштение од прес-центарот на Губернијата на Чељабинск, во градот Магнитогорск во раните утрински часови се случила експлозија во една 10 катна зграда.

Во експлозијата животот го загубиле 4 лица, а имало и повредени.

Како што се истакнува во градот Магнитогорск е прогласена вонредна состојба и продолжуваат активностите за пребарување и спасување.

Функционери од Министерството за итни состојби соопштија дека експлозијата е предизвикана од природен гас.

Поради експлозијата која се случила во стан на вториот спрат од зградата е предизвикана штета во 48 други станови во истата зграда.

Заменик-гувернерот на Чељабинск Олег Климов изјави дека сè уште не се знае за судбината на 79 лица.

Во објавеното соопштение од Кремљ пак, се истакнува дека гувернерот на Чељабинск Борис Дубровски во врска со случајот го информирал рускиот претседател Владимир Путин преку телефон.

 



Слични вести