Напишани навредливи зборови на ѕидот на џамијата Мевлана во германскиот град Дуизбург

Во нападот на џамијата Мевлана во Дуизбург на Организацијата национален поглед на Исламската заедница (ИГМГ) освен тоа што биле напишани навредливи зборови, на ѕидот на џамијата бил нацртана со боја и „Давидова ѕвезда“, симболот на Јудеизмот

1116303
Напишани навредливи зборови на ѕидот на џамијата Мевлана во германскиот град Дуизбург

Во градот Дуизбург во Германија беа напишани навредливи зборови на ѕидот на џамијата Мевлана чија изградба продолжува.

Во нападот на џамијата Мевлана во Дуизбург на Организацијата национален поглед на Исламската заедница (ИГМГ) освен тоа што биле напишани навредливи зборови, на ѕидот на џамијата бил нацртана со боја и „Давидова ѕвезда“, симболот на Јудеизмот.

Претседателот на Друштвото на џамијата Хулуси Јуксел во дадената изјава истакна дека нападот бил пријавен во полицијата и дека ќе се следи правниот процес за пронаоѓање и казнување на сторителите.

„Градбените работи на нашата џамија продолжуваа веќе една и пол година. Не знаеме од чија страна е извршен нападот. Во врска со изградбата на џамијата во оваа област не постои некое сериозно непријателство против Турците или Исламот, со исклучок на одредени некои помали реакции. Не знаеме од чија страна е извршен нападот, дали станува збор за лице поединец, или за повеќе лица.“

Полицијата го продолжува истражувањето за пронаоѓање на извршителите на нападот.

 



Слични вести