Жолтите елеци вчера повторно излегоа на улиците низ цела Франција, на чело со главниот град Париз

Управата на париската полиција соопшти дека на вчерашните (сабота) протести во главниот град Париз учествуваа 800 лица, а на протестите низ целата земја 12 илјади лица

1116001
Жолтите елеци вчера повторно излегоа на улиците низ цела Франција, на чело со главниот град Париз

На седмата недела од протестите во Франција жолтите елеци вчера (сабота) повторно излегоа на улиците во различни градови на оваа земја.

Во нередите до кои што дојде беа притворени 57 лица.

На протестите на жолтите елеци во главниот град Париз за кусо време беше доживеана затегнатост помеѓу полицијата и демонстрантите.

Управата на париската полиција соопшти дека на протестите во главниот град учествуваа 800 лица, а на протестите во целата земја 12 илјади лица.

Еден дел од демонстрантите вчера во пладневните часови се собраа на улицата Шанз-Елизе во Париз и овдешните протести во споредба со претходните поминаа мирно.

Стотици демонстранти пак се собраа пред зградите на некои медиумски институции во Париз.

Овде дојде до нереди помеѓу демонстрантите кои се обидуваа да ги преминат поставените барикади и полицијата.

Полицијата интервенираше со солзавец и бибер гас врз демонстрантите кои беа собрани пред купопродажниот центар Богренел.

Демонстрантите кои го продолжија протестниот марш на плоштадот Трокадеро извикуваа слогани „Макрон оставка“.

Полицијата се обиде да ги оддалечи демонстрантите, со кучиња.

На протестот во градот Руен повремено беа доживеани судири помеѓу полицијата и групата демонстранти.

За време на овдешните протести полицијата употреби бибер гас, додека некои демонстранти ги запалија контејнерите за отпад, а ја запалија и вратата на зградата на Централната банка.

На протестот во градот Бордо на кој што учествуваа приближно 2 илјади 400 лица полицијата, на демонстрантите кои фрлаа со камења и шишиња одговори со бибер гас.

На протестот во градот Амиенс поради нередите до кои што дојде беа притворени 10 лица.

На протестот во градот Нант пак едно лице беше тешко повредено.

Жолтите елеци во текот на вчерашниот ден (сабота) одржаа протести со блокирање на патиштата во голем број области низ Франција.

Инаку, „Жолтите елеци“ од 17 ноември одржуваат големи протести низ цела Франција на чело со главниот град Париз и во тие рамки реализираат акции за блокирање на голем број улици и патишта низ целата земја.

Демонстрациите на "Жолтите елеци" кои како реакција против поскапувањето на горивото и влошувањето на економските услови во Франција започнаа на 17 ноември, потоа се претворија во гнев против управата на претседателот Емануел Макрон и на крајот прераснаа во најсилни протести во последните години во оваа земја.

Демонстрантите од кои мнозинството го сочинуваат лица кои поради високите кирии во големите градови живеат во предградијата и руралните подрачја, бараат од францускиот претседател Емануел Макрон и од неговата администрација да ги подобрат економските услови во земјата.

Освен тоа „Жолтите елеци“ бараат прашањата кои што одблизу го засегаат животот на граѓаните во земјата и законите кои што ќе бидат донесени во врска со тоа да бидат поставени на гласање пред народот на референдум.

На одржаните протести во Франција досега животот го загубија 10 лица, приближно 4.341 лице се притворени, а повеќе од илјада лица се повредени.

 



Слични вести