Во насилствата на парламентарните избори во Бангладеш загинаа 17 лица, а 64 лица се повредени

Според вестите објавени во весникот „Дејли Стар“, во земјата каде што на денешните парламентарни избори гласаа над 104 милиони бирачи беа доживеани големи немири и насилства во кои животот го загубија 17 лица, 64 беа повредени, а 8 лица беа притворени

1116264
Во насилствата на парламентарните избори во Бангладеш загинаа 17 лица, а 64 лица се повредени

Денеска во Бангладеш под максимално преземени безбедносни мерки се одржаа 11'сетите парламентарни избори по ред на кои имаа право на глас над 104 милиони бирачи.

Во изборната трка учествуваа вкупно 39 политички партии концентрирани во три политички блока.

Владејачката Лига Авами на премиерката Шеик Хасина ја предводи Големата коалиција, а опозициската Националистичка партија на Бангладеш (BNP) е на чело на Коалицијата за национално единство. Третиот блок, односно Демократската коалиција пак, ја сочинуваат левичарски партии.

Вкупно 1.848 кандидати се натпреваруваат за влез во бангладешкиот Парламент составен од 300 пратенички места.

Притоа во немирите и насилствата до кои што дојде во оваа земја животот го загубија најмалку 17 лица, а 64 лица беа повредени.

Според вестите објавени во весникот „Дејли Стар“ (Daily Star), во земјата каде што на денешните парламентарни избори гласаа десетици милиони бирачи беа доживеани големи немири и насилства.

Во 13 региони во земјата дојде до немири на улиците и судири помеѓу приврзаниците на владејачките и опозициските блокови во кои од синоќа досега животот го загубија 17 лица.

Во насилствата, според првични добиени информации беа повредени 64 лица, а 8 лица беа притворени.

Во вестите објавени во локалниот печат се истакнува дека од изборите се повлекле 22'јца кандидати за пратеници.

Искусниот когенерален секретар на најголемата опозициска партија Националистичката партија на Бангалдеш (БНП) Руфул Кабир Ризви изјави за печатот дека во над 100 изборни единици имало измама и дека биле попречени некои претставници на опозицијата и бирачите. 

Како ште се истакнува, за време на изборите за воспоставување на безбедноста биле ангажирани повеќе од 650 илјади припадници на безбедносните сили ширум земјата.

На одржаните последни парламентарни избори во Бангладеш на 5 јануари 2014 година победи Лигата Авами на Шеик Хасина.

 



Слични вести