Трамп: Постигнавме значаен напредок со Џинпинг за надминување на трговската криза

„Сега остварив долг и многу добар телефонски разговор со кинескиот претседател Ши Џинпинг. Договорот напредува многу добро. Постигнат е голем напредок“. - напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата сметка на Твитер

1116031
Трамп: Постигнавме значаен напредок со Џинпинг за надминување на трговската криза

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека во остварениот телефонски разговор со кинескиот претседател Ши Џинпинг е постигнат значаен напредок во договорот за надминување на трговската криза помеѓу двете земји.

Трамп во соопштението кое што го објави на својата сметка на социјалната сметка Твитер напиша: „Сега остварив долг и многу добар телефонски разговор со кинескиот претседател Ши Џинпинг. Договорот напредува многу добро. Доколку биде постигнат, ќе биде доста сеопфатен и ќе ги опфати сите прашања, сфери и спорни точки. Постигнат е голем напредок“.

Трамп и Ши Џинпинг за време на нивната остварена средба во рамките на Самитот на лидерите на Г-20 одржан во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, постигнаа согласност за 90-дневно примирје со кое ќе се спречи зголемувањето на трговската војна со нови царински тарифи која што веќе извесно време трае меѓу овие две земји.

Ова постигнато примирје, кое почнувајќи од 1 јануари наредната година ќе ја одложи одлуката на администрацијата на Вашингтон за зголемување на царинските тарифи за кинеските производи во вредност од 200 милијарди долари од 10 на 25 отсто, ги спречи двете страни да наметнат нови царински тарифи едни кон други.

 



Слични вести