Во експлозија на бомба во египетскиот главен град Каиро загинаа 2 лица, а 12 лица се ранети

Во експлозија на бомба поставена на патот во моментот на поминување на автобус со виетнамски туристи во главниот град на Египет Каиро загинаа 2 лица, а 12 лица се ранети

1115637
Во експлозија на бомба во египетскиот главен град Каиро загинаа 2 лица, а 12 лица се ранети

Во напад чија цел бил автобус со туристи во западниот дел на египетскиот главен град Каиро според првични информации животот го загубија 2 лица, а 12 лица се ранети.

Според објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи на Египет, во областа каде што се наоѓаат египетските пирамиди во моментот на поминување на автобус со туристи во кој се наоѓале виетнамски граѓани била експлодирана експлозивна направа поставена на патот.

Во соопштението се вели дека во експлозијата животот го загубиле двајца туристи, а 12 лица биле ранети од кои 10 виетнамски и двајца египетски граѓани.

Египетските безбедносни сили во склопот на новогодишните прослави презедоа вонредни безбедносни мерки во земјата и ги затворија за сообраќај сите патишта и улици пред сите цркви.

 



Слични вести