Бројот на загинатите во експлозијата во Каиро се зголеми на 4 лица, а 12 лица се ранети

Египетскиот главен јавен обвинител Небил Садик истакна дека во областа на египетските пирамиди во моментот на поминување на автобус со туристи од Виетнам експлодирала бомба поставена на патот и дека притоа загинале 4 лица, а 12 лица биле ранети

1115923
Бројот на загинатите во експлозијата во Каиро се зголеми на 4 лица, а 12 лица се ранети

Бројот на загинатите во реализираниот бомбашки напад чија цел беше автобус со туристи во западниот дел на главниот град на Египет, Каиро, се зголеми на 4 лица, а 12 лица се ранети.

Египетскиот главен јавен обвинител Небил Садик истакна дека во областа на египетските пирамиди во моментот на поминување на автобус со туристи од Виетнам експлодирала бомба поставена на патот и дека притоа во експлозијата загинале тројца виетнамски туристи и нивниот египетски туристички водич, а возачот на автобусот и 11 виетнамски туристи биле ранети,

Претходно и Министерството за внатрешни работи на Египет соопшти дека во областа на египетските пирамиди во моментот на поминување на автобус со виетнамски туристи била експлодирана експлозивна направа поставена на патот.

Египетските безбедносни сили во склопот на новогодишните прослави презедоа вонредни безбедносни мерки во земјата и во тие рамки беа ги затворени за сообраќај патиштата и улици пред сите цркви.

 



Слични вести