Врховниот суд на Пакистан ја прогласи ФЕТО за терористичка организација

Врховниот суд на Пакистан му наложи на Министерството за внатрешни работи да ја прогласи ФЕТО за терористичка органзиација и да донесе забрана за нејзино делување во земјата

1115265
Врховниот суд на Пакистан ја прогласи ФЕТО за терористичка организација

Врховниот суд на Пакистан му наложи на Министерството за внатрешни работи да ја прогласи ФЕТО (Фетулахистичката терористичка организација) за терористичка организација, во земјата.

Судот му наложи на министерството, групата поврзана со ФЕТО „Pak-Turk International Cag Education Foundation“ (PTICEF),која управува со училиштата во Пакистан да ја прогласи за забранета организација и нејзиното име да го внесе на листата на терористички организации.

Судот воедно пресуди училиштата на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во Пакистан да и бидат предадени на Фондацијата Маариф на Турција.

Фондацијата Маариф (Вакафот за образование) на Турција е вратата која се отвора кон светот во меѓународното образование на Турција како земја која културната и цивилизациската акултурација ја оценува како пат кој ќе води кон „општо добро“.

Фондацијата Маариф е единствената институција која покрај Министерството за национално образование, располага со надлежност за директно отворање на образовни институции во странство во име на Република Турција.

Фондацијата Маариф на Турција која врши дејност во јавен интерес и не се раководи од било каков материјален интерес, е формирана со цел да води ефикасни активности во секоја фаза на образованието во секоја земја во светот, од предучилишно до високо образование.



Слични вести