Во поставена заседа во Буркина Фасо убиени 10 припадници на безбендосните сили

Во поставена заседа на влезот на едно село во близина на градот Тоени во провинцијата Суру, во северозападниот дел на Буркина Фасо загинаа 10 припадници на безбедносните сили, а 8 мина се ранети

1115205
Во поставена заседа во Буркина Фасо убиени 10 припадници на безбендосните сили

Во поставена заседа во северозападниот дел на Буркина Фасо, држава во Западна Африка, загинаа 10 припадници на безбедносните сили, а 8 мина се ранети.

Според вестите објавени во локалниот печат, вооружени лица го запалиле основното училиште во едно село во близина на градот Тоени во провинцијата Суру.

Потоа воената единица во Тоени испратила во селото жандармериска екипа за да го истражува настанот.

На влезот на селото била поставена заседа во која загинале 10 припадници на жандармеријата, а 8 мина биле ранети.

Ранетите војници биле префрлени на лекување во болница.

Инаку, во реализираните терористички напади во западноафриканската држава Буркина Фасо во последните 6 месеци загинаа повеќе од 100 цивили и припадници на безбедносните сили.

 



Слични вести