Поради ерупцијата на Анак Кракатау во Индонезија степенот на тревога покачен на портокалов аларм

Центарот за вулканологија и намалување на геолошките опасности на Индонезија (PVMBG) соопшти дека по засилувањето на вулканските активности на вулканот Анак Кракатау степенот на тревога е покачен на портокалов аларм (Сиага)

1114689
Поради ерупцијата на Анак Кракатау во Индонезија степенот на тревога покачен на портокалов аларм
tsunami uyarı endonezya
Endonezya volkan

Издаден портокалов аларм за вулканот Анак Кракатау (Синот на Кракатау) кој што пред неколку дена беше причина за појава на џиновски бранови цунами во теснецот Сунда во Индонезија.

Центарот за вулканологија и намалување на геолошките опасности на Индонезија (PVMBG) соопшти дека по засилувањето на вулканските активности степенот на тревога е покачен на портокалов аларм (Сиага).

Истиот центар предупреди да не се реализираат активности на просторот од 5 километри околу кратерот на вулканот.

Генералниот секретар на Одделот за геологија при министерството за енергија и рударски ресурси на Индонезија Антониус Ратмодо Пурбо претходно истакна дека на вулканот Анак Кракатау на секои 20 секунди доаѓа до една експлозија и дневно се исфрлуваат по околу 500 кубни метри лава, а воедно рече дека еден голем масив кој што се откинал од вулканот станал причина за џиновски бранови цунами кои што ги погодиле крајбрежјата во подрачјето.

Во вулканот за кој претходно беше издаден аларм од втор степен (Васпада) од јули досега често доаѓаше со ерупции.

Во цунамито што се случи на 22 декември во саботата во теснецот Сунда кој се наоѓа помеѓу островите Суматра и Јава според досега добиени информации животот го загубија 430 лица, приближно 1.400 лица се повредени, а 159 лица се водат како исчезнати.

За време на ерупцијата на вулканот Анак Кракатау на островот Кракатау во август во 1983 година животот го загубија повеќе од 36 илјади лица. 

Воедно во земјотресот со јачина од 7,5 степени што се случи во заливот Палу на островот Сулавеси на 28 септември и цунамито што следеше потоа,  беше соопштено дека животот го загубија повеќе од 2 илјади лица, а приближно 1.500 лица се водат како исчезнати.

Исто така и на 26 декември 2004 година се случи силен земјотрес со јачина од 9,1 степен по што дојде и до џиновски бранови цунами и во оваа катастрофа на еден широк простор кој што ги опфаќаше и другите околни земји, животот го загубија дури 230 илјади лица.

Во Индонезија како земја која се наоѓа на трусно подрачје познато како „Пацифички огнен прстен и вулканско подрачје“ постојат 130 активни вулкани.

 



Слични вести