Остар одговор од портпаролот на АК Партијата Омер Челик до израелската министерка за правда Шакед

Портпаролот на владејачката АК Партија Омер Челик во врска со недоличните изјави на израелската министерка за правда Ајалет Шакед упатени против претседателот Ердоган рече: "Нејзиниот волум не е доволен за да го критикува нашиот претседател"

1114241
Остар одговор од портпаролот на АК Партијата Омер Челик до израелската министерка за правда Шакед

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик вчера вечер одржа состанок за претставниците на печатот во седиштето на партијата при што направи проценка на актуелниот дневен ред.

Омер Челик се осврна на недоличните изјави на израелската министерка за правда Ајалет Шакед и на одлуката на САД за повлекување од Сирија и на прашањата на новинарите во врска со последните изјави упатени против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: "Волумот на израелската министерка за правда не е доволен за да го критикува нашиот претседател."

Тој рече: „Министерката за правда за која станува збор е личност која претходно имаше упатено повик за 'убивање на палестинските мајки'. Така таа е во душевно растројство и перверзност. Буди внимание тоа што една личност која упатува повик за 'убивање на палестинските мајки' на ваков начин да ја благословува линијата (на сепаратистичко-терористичката организација) ПЈД-ЈПГ-СДФ.“

Портпаролот Омер Челик продолжи со следните зборови: „Во врска со нашиот претседател вели дека е 'антиеврејски настроен'.  Нашиот претседател е едниот од оние лидери кој најмногу во светот вели дека е против антисемитизмот. И по ова прашање располага со исклучително место меѓу лидерите во исламскиот свет. Онака како што е против исламофобијата, тој е и против антисемитизмот. Така овде гледаме дека изразот 'антиеврејски настроен' не е правилен, дека претставува искривоколчување и дека тоа често се употребува од страна на политичарите кои располагаат со ваков изобличен и перверзен вид на менталитет.“

Подвлекувајќи дека доколку овде се сака да се види држава која е пријател на Курдите таа држава е Република Турција, Омер Челик рече: „Легитимната позиција овде на Република Турција не е антикурдска, туку е антитерористичка. Всушност тоа е и едната од најголемите клевети кои што се упатуваат против нашите курдски браќа на Блискиот исток од страна на лица како израелската министерка за правда кои нивната приврзаност кон терористичката организација  ја презентираат како приврзаност кон Курдите. Тоа е дел од стратегијата за создавање раздор меѓу народите. Волумот на израелската министерка за правда не е доволен за да го критикува нашиот претсеадтел. Ние и го даваме нашиот одговор од овде. Тоа што една личност која убивањето на палестинските мајки го смета за легитимно и упатува повик за вршење на еден ваков масакр, фали било кој народ, претставува клевета и суровост кон тој народ.“

Укажувајќи на израелската министерка за правда Ајалет Шакед, портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик го додаде следното: „Да не се меша во работи кои што ја надминуваат. Оној кој го кажува сето она што сака да го каже, ќе го слушне она што не сака да го слушне. Ја потсетувам за овој принцип.“

 



Слични вести