Изненадна посета од Трамп и неговата сопруга на американските војници во Ирак по повод Божиќ

Портпаролката на Белата куќа Сарај Сандерс истакна дека претседателот Доналд Трамп заедно со неговата сопруга Меланија замина во ненајавена, изненадна посета на Ирак за да им го честита Божиќ на американските војници на задача во оваа земја

1114326
Изненадна посета од Трамп и неговата сопруга на американските војници во Ирак по повод Божиќ

Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со неговата сопруга Меланија Трамп оствари ненајавена, изненадна посета на Ирак каде што ги посети американските војници на задача во оваа земја и им го честита Божиќ.

Во објавеното соопштение од Белата куќа се истакнува дека претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија го славеа Божиќ со американските војници на задача во Ирак.

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс во соопштението што го објави на својата сметка на социјалната мрежа, истакна дека претседателот Доналд Трамп заедно со неговата сопруга Меланија Трамп заминал во ненајавена посета на Ирак за да им го честита Божиќ на американските војници на кои во оваа прилика им ја изразил својата благодарност за постигнатите успеси.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената база Ајну'л Есед во провинцијата Анбар во западниот дел на Ирак и во говорот што го одржа во оваа пригода рече: „Немаме никакви планови за повлекување од Ирак. Ако сакаме да направиме било што во Сирија ќе го искористиме Ирак како база.“

Велејќи дека од него било побарано дополнително време за повлекување од Сирија, но дека Тој не го прифатил тоа, Трамп ја изнесе следната констатација. „Остварив мошне добри разговори со претседателот Ердоган кој сака да го елиминира ДЕАШ. Тој и другите ќе го сторат тоа. САД не можат да продолжат да бидат светски полицаец.“

„Ердоган сака да уништи се што е останато назад од ДЕАШ во Сирија“, - рече американскиот претседател Доналд Трамп и го додаде следното: „Исто така и Саудиска Арабија рече дека ќе ја плати економската сметка за тоа.“ 

Во меѓувреме, се истакнува дека ирачкиот премиер Адил Абдулмехди остварил телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп кој допатува во нанадејна посета на неговата земја.

Во објавеното писмено соопштение од прес-центарот на ирачката влада се истакнува дека Трамп и Абдулмехди во телефонскоти разговор  се осврнале на случувањата во регионот по одлуката на Трамп за повлекување од Сирија, соработката во борбата против ДЕАШ и воспоставувањето на безбедноста и стабилноста за регионалните земји и народи.  

Американскиот претседател Доналд Трамп по оваа негова ненајавена, изненадна посета на Ирак која што траеше 3 и пол часа замина оваа земја.

Трамп за време на оваа негова посета не оствари директна средба со ниту еден ирачки функционер.

 

 

 



Слични вести