Товарен брод потонал во јужните делови на Малезија

На оддалеченост од 3,3 милји од брегот Танжунг Сепанг јужно од Малезија дошло до дефект на моторот на еден товарен брод на кој се наоѓале 9 лица, по што бродот застанал и одвелечен од брановите се судрил со друг брод

1113892
Товарен брод потонал во јужните делови на Малезија

Во морето во близина на јужните брегови на Малезија потонал товарен брод кој што претходно удрил во друг брод при што тројца членови на екипажот се воделе како исчезнати.

Според објавеното соопштение од Управата за поморска заштита на Малезија (АПММ), на оддалеченост од 3,3 милји од брегот Танжунг Сепанг на југ дошло до дефект на моторот на бродот на кој се наоѓале 9 лица.

По овој дефект бродот застанал и додека капетанот на бродот се обидувал да го сврте бродот назад, одвлечен од брановите удрил во друг брод, по што потонал.   

За кусо време во областа пристигнале екипи за спасување при што 6 од 9'те лица на бродот биле спасени, а останатите 3 лица се воделе како исчезнати.

Продолжува да се трага по исчезнатите тројца членови на екипажот на потонатиот брод.



Слични вести