Сејфулислам Гадафи: Располагам со докази за финансиска поддршка на Саркози

Сејфулислам Гадафи даде значајни изјави за „Africanews“ во врска со тврдењата околу тоа дека неговиот татко Муамер Гадафи му обезбедил финансиски средства на поранешниот француски претседател Саркози

1113721
Сејфулислам Гадафи: Располагам со докази за финансиска поддршка на Саркози

Сејфулислам Гадафи, синот на поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи, тврдеше дека располага со значајни докази за тоа дека неговиот татко обезбедил финансиска поддршка на изборната кампања на поранешниот претседател Николас Саркози во 2007 година.

Сејфулислам Гадафи даде значајни изјави за „Africanews“ во врска со тврдењата околу тоа дека неговиот татко Муамер Гадафи му обезбедил финансиски средства на поранешниот француски претседател Саркози.

Тврдејќи дека располага со значајни докази за тоа, Сејфулислам рече: „Јас лично бев сведок на тоа дека во Триполи му беа дадени пари на блискиот советник на Саркози, Клод Геан.“

Сејфулислам Гадафаи воедно наведе дека Саркози е првиот одговорен за средината на хаос во Либија и растечките терористички настани во земјата.

Инаку, претходно и бизнисменот од либиско потекло Зиад Такиедин тврдеше дека пред изборите во Франција во 2006 година посредувал за да му се доделат на поранешниот француски претседател Николас Саркози 5 милиони евра.

Саркози пак, чија истрага во Биротот за борба против корупцијата продолжува, во своите претходно дадени изјави ги отфрли сите тврдења кои што се изнесуваат против него.



Слични вести