Реакција од Русија против синоќешниот израелски воздушен напад во Сирија

Руското министерство за одбрана соопшти дека воздушниот напад што го реализира Израел претставуваше закана за два патнички авиони кои во моментот на нападот слетуваа на аеродромите во сирискиот главен град Дамаск и либискиот главен град Бејрут

1114182
Реакција од Русија против синоќешниот израелски воздушен напад во Сирија

Русија покажа реакција на синоќешниот воздушен напад на Израел во Сирија во моментот кога на аеродромите во Дамаск и Бејрут во Либан слетуваа патнички авиони.

Руското министерство за одбрана соопшти дека воздушниот напад што го изврши Израел претставуваше закана за два патнички авиони кои во моментот на нападот слетуваа на аеродромите во сирискиот главен град Дамаск и либискиот главен град Бејрут.

Портпаролот на министерството за одбрана Игор Конашенков  ги сподели со јавноста деталите на синоќешниот израелски воздушен напад во Сирија и рече: „6 борбени авиони Ф-16 на Израел, од воздушниот простор на Либан извршија воздушен напад на сириска територија и притоа предизвикаа закана за два патнички авиони. Нападот на израелската армија беше извршен во моментот на слетување на патничките авиони кои не беа руски, на аеродромите во Бејрут и Дамаск."

Инаку, во писменото соопштение кое што синоќа беше објавено од страна на израелската армија беше истакнато следното: „Противавионска ракета истрелана од страна на Сирија беше уништена од страна на нашиот противвоздушен одбранбен систем.“

Во соопштението беше наведено дека на израелска страна не била причинета никаква материјална штета и не дошло до човечки загуби, меѓутоа не беа дадени подетални информации во врска со случајот. 

Од друга страна, официјалната сириска Новинска агенција „САНА“ соопшти дека од страна на сириските противвоздушно одбранбени системи било одговорено на непријателските цели во западниот дел на главниот град Дамаск.

Израел, од 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија, под изговор дека се реализираат напади со ракети од Сирија и Голанските висорамнини, повремено реализира напади врз силите на Хезболах поддржани од Иран и воени цели на сирискиот режим.

 



Слични вести