Израелски воени авиони синоќа го нарушија воздушниот простор на Либан

Според веста на либанската официјална Новинска агенција „ННА“, израелски воени авиони синоќа почнувајќи од 21:50 според локално време реализираа низок лет и имитација на напад во областите ен-Небатије и Иклим ет-Туфах на југот на земјата

1113684
Израелски воени авиони синоќа го нарушија воздушниот простор на Либан

Израелски воени авиони го нарушија воздушниот простор на Либан.

Според веста на либанската официјална Новинска агенција „ННА“, израелски воени авиони синоќа почнувајќи од 21:50 според локално време реализираа низок лет и имитација на напад во областите ен-Небатије и Иклим ет-Туфах на југот на земјата.

Израелските воени авиони кои го нарушија либанскиот воздушен простор од страна на морето, воедно на ист начин реализираа низок лет и во други области во близина на градовите Сајда и Сур.

Либанскиот премиер Саад Харири минатата недела во главниот град Бејрут се состана со генерал Стефано Дел Кол, командантот на привремената мисија на Обединетите нации (УНИФИЛ) чии единици се распоредени на југот на Либан.

По оваа средба, либанскиот премиер Харири ги повика Обединетите нации (ОН) да ја преземат одговорноста по прашањето на случаите на нарушување на воздушниот простор и територијалните води на Либан од страна на Израел.



Слични вести