Израелската армија соборила истрелана противавинска ракета од Сирија

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија се истакнува следното: „Противавионска ракета истрелана од страна на Сирија беше уништена од страна на нашиот противвоздушен одбранбен систем“

1113851
Израелската армија соборила истрелана противавинска ракета од Сирија

Израелската армија соопшти дека од страна на противвоздушно одбранбениот систем била соборена истрелана противавионска ракета од Сирија.

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија се истакнува следното: „Противавионска ракета истрелана од страна на Сирија беше уништена од страна на нашиот противвоздушен одбранбен систем.“

Во соопштението се наведува дека на израелска страна не била причинета никаква материјална штета и не дошло до човечки загуби, меѓутоа не беа дадени подетални информации во врска со случајот. 

Од друга страна Новинската агенција на Асадовиот режим „САНА“ соопшти дека од страна на сириските противвоздушно одбранбени системи било одговорено на непријателските цели во западниот дел на главниот град Дамаск.

Израел, од 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија, под изговор дека се реализираат напади со ракети од Сирија и Голанските висорамнини повремено реализира напади врз силите на Хезболах поддржани од Иран и воени цели на сирискиот режим.



Слични вести