Сириските режимски сили во координација со терористичката ЈПГ/ПКК влегле во подрачјето на Менбич

Новинската агенција Анадолија (АА) ослонувајќи се на доверливи извори во Менбич, 40 пикап возила во кои се наоѓале режимски сили, два тенка, камиони со воена опрема и оклопни транспортери на персонал влегле од јужниот дел на подрачјето

1113450
Сириските режимски сили во координација со терористичката ЈПГ/ПКК влегле во подрачјето на Менбич

Сириските режимски сили на Бешар Асад во координација со сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК влегоа во подрачјето на Менбич.

Според доставени информации до Новинската агенција Анадолија (АА) од страна на доверливи извори во Менбич, 40 пикап возила во кои се наоѓале режимски сили, два тенка, камиони со воена опрема и оклопни транспортери на персонал влегле од јужниот дел на подрачјето.

Конвојот на режимските сили одржале кус состанок со челниците на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и по овој состанок се упатиле кон месноста Аримах во западното рурално подрачје на Менбич.

ЈПГ/ПКК контролата на месноста Аримах им ја предаде на сириските режимски сили.

Инаку, месноста Аримах се наоѓа на фронтовата линија помеѓу западниот дел на Менбич и подрачјето на операцијата Еуфратски штит.

Додека продолжува окупацијата на останатите подрачја на Менбич од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК се очекува САД во кусо време да ги повлечат своите војници од Менбич.

Американските војници се распоредени на брегот на реката Саџу кој што претставува фронтова линија помеѓу центарот на населеното место Менбич и подрачјето на операцијата Еуфратски штит на север.



Слични вести