Повеќе од 150 руски војници од Сирија се вратија во својата земја

Прес-центарот на рускиот Централно воен регион соопшти дека повеќе од 150 руски војници кои беа на задача во единицата на рускиот противвоздушно одбранбен ракетен систем во Сирија со воен авион од типот Ил-76 се донесени во градот Новосибирск

1112968
Повеќе од 150 руски војници од Сирија се вратија во својата земја

Повеќе од 150 руски војници на задача во единицата за противвоздушно одбранбениот ракетен систем на руската армија во Сирија се вратија во својата земја.

Во објавеното соопштение од страна на прес-центарот на рускиот Централно воен регион се истакнува дека повеќе од 150 руски војници кои беа на задача во единицата на рускиот противвоздушно одбранбен ракетен систем во Сирија, со воен авион од типот Ил-76 се донесени во градот Новосибирск.

Во соопштението се вели следното: „Војниците од единицата за противвоздушно одбранбениот ракетен систем во текот на 3 месеци успешно ја извршија својата задача во Сирија, за одбрана на значајните позиции на руските единици во оваа земја.“

Инаку, Русија заедно со воените операции кои што ги започна во Сирија во оваа земја испрати и два противвоздушно одбранбени ракетни системи С-400, а со цел да ги одбрани своите воени бази во Тартус и Хмејмим каде што располага со свои воени единици.



Слични вести