Бројот на загинатите во реализиран напад на една јавна зграда во Кабул се зголеми на 43 лица

Портпаролот на авганистанското министерство за здравство Вахид Макро истакна дека во реализиран самоубиствен напад со возило на една јавна зграда во Кабул по што зградата била опколена од страна на вооружени лица, животот го загубија 43 лица

1113050
Бројот на загинатите во реализиран напад на една јавна зграда во Кабул се зголеми на 43 лица

Бројот на загинатите во реализираниот самоубиствен напад со возило, по што следел и вооружен напад, на една јавна зграда во главниот град на Авганистан, Кабул, се зголеми на 43 лица, а десетици лица се ранети.

Портпаролот на авганистанското министерство за здравство Вахид Макро истакна дека во реализиран самоубиствен напад со возило на една јавна зграда во Кабул по што зградата била опколена од страна на вооружени лица, животот го загубија 43 лица.

Претходно портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Наџиб Даниш истакна дека по експлозијата на возило во кое се наоѓал самоубиствен напаѓач пред една јавна зграда во Кабул вооружени лица извршиле напад на зградата и дека притоа животот го загубиле 29 лица, а 23 лица биле ранети од кои мнозинството биле вработени во владината зграда.

Даниш рече дека по нападот областа била земена под безбедносен обрач и полицијата влегла во зградата.

Велејќи дека некои од вработените во зградата успеале да се скријат по што полицијата ги евакуирала 357'те вработени, портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Даниш напомена дека во операцијата која што била реализирана со голема претпазливост, биле убиени тројца вооружени напаѓачи.

Во меѓувреме, очевидци истакнуваат дека од еден дел од јавната зграда се кренал пламен и за време на вооружената престрелка помеѓу напаѓачите и полицијата се слушнале најмалку 5 експлозии.

Едниот од загинатите во нападот бил полицаец, останатите биле цивили, а од 23'јцата ранети тројца биле полицајци.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
 



Слични вести