Билансот на жртвите од цунамито во Индонезија се зголеми на 429 лица

Бројот на загинатите во цунамито што го погоди теснецот Сунда помеѓу островите Суматра и Јава, се зголеми на  429 лица, 1.400 лица се повредени, а најмалку 128 лица се водат како исчезнати

1113264
Билансот на жртвите од цунамито во Индонезија се зголеми на 429 лица
endonezya.jpg
Endonezya'da tsunami17.jpg
Endonezya'da tsunami20.jpg
Endonezya'da tsunami14.jpg
tsunami uyarı endonezya
Endonezya'da tsunami16.jpg

Билансот на жртвите од цунамито што на 22 декември во саботата го погоди теснецот Сунда во Индонезија се зголеми на 429 лица.

Портпаролот на Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) Сутопо Пурво Нугрохо истакна дека бројот на загинатите во цунамито што го погоди теснецот Сунда помеѓу островите Суматра и Јава, се зголеми на  429 лица, а бројот на повредените изнесува 1.400 лица.

Нугрохо рече дека најмалку 128 лица се уште се водат како исчезнати.

Додека продолжуваат активностите за евакуација и пребарување и спасување во погоденото подрачје, поради тоа што се уште има недостапни места се стравува од покачување на бројот на загинатите.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје.

Функционери претходно соопштија дека причина за појава на џиновските бранови цунами биле последните ерупции на вулканот Анак Кракатау (синот на Кракатау) кој се наоѓа во ова подрачје.

По интензивирањето на ерупцијата на вулканот Анак Кракатау во септември алармната состојба во областа беше покачена на највисок втор степен.

Инаку, во земјотресот со јачина од 7,5 степени што се случи во заливот Палу на островот Сулавеси на 28 септември и цунамито кое што следеше потоа,  беше соопштено дека животот го загубија повеќе од 2 илјади лица, а приближно 1.500 лица се водат како исчезнати.

Во Индонезија како земја која се наоѓа на трусно подрачје познато како „Пацифички огнен прстен и вулканско подрачје“ исто така и на 26 декември 2004 година беше погодена од силен земјотрес со јачина од 9,1 степен по што дојде и до џиновски бранови цунами и во оваа катастрофа на еден широк простор кој што ги опфаќаше и другите околни земји, животот го загубија дури 230 илјади лица.

 



Слични вести