Терористичката организација ДЕАШ ја изгуби и својата последна тврдина во Сирија

По вооружените судири кои што беа водени помеѓу двете терористички организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во центарот на населеното место Хеџин во близина на градот Деир ез-Зор во источниот дел на реката Еуфрат, терористите на ДЕАШ го напуштиле центарот на Хеџин

1112692
Терористичката организација ДЕАШ ја изгуби и својата последна тврдина во Сирија

Терористичката организација ДЕАШ ја изгуби и својата последна тврдина во Сирија.

Според добиени информации од локални извори во Деир ез-Зор, по вооружените судири кои што беа водени помеѓу двете терористички организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во центарот на населеното место Хеџин во близина на градот Деир ез-Зор во источниот дел на реката Еуфрат, терористите на ДЕАШ го напуштиле центарот на Хеџин.

Со тоа центарот на населеното место Хеџин источно од реката Еуфрат потпадна под окупацијата на една друга терористичка организација ЈПГ/ПКК и ДЕАШ на тој начин ја изгуби и својата последна тврдина во Деир ез-Зор.

По повлекувањето од центарот на населеното место Хеџин, присуството на терористичката организација ДЕАШ остана ограничено со местата Шифе, Долен и Горен Багоз, Сусе, Бухасан и Албухатир и со некои села наоколу.

Инаку, сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на САД ги окупира источните и северните рурални подрачја на градот Деир ез-Зор во источниот дел на реката Еуфрат.

ЈПГ/ПКК со поддршката на САД од воздух и Франција со топовски гаранатирања од копно  на 11 септември започна операција за целосно протерување на ДЕАШ од Деир ез-Зор.

Во западните делови на Деир ез-зор пак се наоѓаат режимските сили на Бешар Асад.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК моментално држи под окупација приближно една третина од целокупните територии на Сирија.



Слични вести