Матис ја потпиша наредбата за повлекување на американските војници од Сирија

Во веста на американската телевизија „CNN“ се наведува дека во наредбата потпишана од секретарот за одбрана Џејмс Матис кој ќе ја напушти должноста во јануари, се наоѓаат информации во однос на тоа како и кога војниците на САД ќе излезат од Сирија

1112863
Матис ја потпиша наредбата за повлекување на американските војници од Сирија

Американскиот секретар за одбрана (Пентагон) Џејмс Матис ја потпиша наредбата во врска со повлекувањето на американските војници од Сирија.

Американската телевизија „CNN“ во веста што ја објави повикувајќи се на двајца функционери од секретаријатот за одбрана (Пентагон), соопшти дека во наредбата потпишана од секретарот за одбрана Џејмс Матис кој ќе ја напушти должноста во јануари се наоѓаат информации во однос на тоа како и кога војниците на САД ќе излезат од Сирија и истакна дека повлекувањето се очекува да започне од наредните недели и да трае во текот на неколку недели.

Инаку, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на американските војници од Сирија, секретарот за одбрана Џејмс Матис соопшти дека ќе ја напушти функцијата секретар за одбрана.

Од друга страна, сенаторот од сојузната држава Кентаки Ранд Пол даде изјави за американскиот телевизиски канал „CNN“ во врска со одлуката за повлекување од Сирија,

Нагласувајќи дека промената на управите во другите земји не е работа на САД, Пол напомена дека Трамп е во право со тоа што влегувањето на САД во Ирак го окарактеризира како „најголема надворешно политичка катастрофа“.

Освен тоа сенаторот Ранд Пол истакна дека американските генерали кои ја критикуваат одлуката на Трамп за повлекување од Сирија, не гледаа одредена грешка и во влегувањето во Ирак.

Тој ја изнесе следната констатација: „Јас се гордеам со претседателот. Она што го вети беше токму ова и според мене луѓето се на исто мислење со него. Долго време војуваме на голем број места и потрошивме трилиони долари пари. Тој е поинаков. Затоа беше избран.“

Амеирканскиот претседател Доналд Трамп пак ги сподели изјавите на сенаторот Ранд Пол на својата сметка на социјалната мрежа Твитер и му се заблагодари.



Слични вести