Бројот на жртвите во цунамито во Индонезија се искачи на 373 лица

Во објавеното соопштение од Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) се истакнува дека бројот на загинатите во цунамито во теснецот Сунда, помеѓу островите Суматра и Јава, се зголеми на  373 лица, а бројот на повредените изнесува 1.459 лица

1112907
Бројот на жртвите во цунамито во Индонезија се искачи на 373 лица
Endonezya'da tsunami20.jpg
Endonezya'da tsunami14.jpg
Endonezya'da tsunami16.jpg
Endonezya'da tsunami17.jpg
Endonezya'da tsunami18.jpg
Endonezya'da tsunami9.jpg

Билансот на жртвите од цунамито што на 22 декември во саботата го погоди теснецот Сунда во Индонезија се зголеми на 373 лица.

Во објавеното соопштение од Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) се истакнува дека бројот на загинатите во цунамито што го погоди теснецот Сунда помеѓу островите Суматра и Јава, се зголеми на  373 лица, а бројот на повредените изнесува 1.459 лица.

Во соопштението се вели дека 128 лица се уште се водат како исчезнати.

Додека продолжуваат активностите за евакуација и пребарување и спасување во погоденото подрачје, поради тоа што се уште има недостапни места се стравува од покачување на бројот на загинатите.

Функционери претходно соопштија дека причина за појава на џиновските бранови цунами биле последните ерупции на вулканот Анак Кракатау (синот на Кракатау) кој се наоѓа во ова подрачје.

По интензивирањето на ерупцијата на вулканот Анак Кракатау во септември алармната состојба во областа беше покачена на највисок втор степен.

Инаку, во земјотресот со јачина од 7,5 степени што се случи во заливот Палу на островот Сулавеси на 28 септември и цунамито кое што следеше потоа,  беше соопштено дека животот го загубија повеќе од 2 илјади лица, а приближно 1.500 лица се водат како исчезнати.



Слични вести