Билансот на жртвите од цунамито во Индонезија се искачи на 281 лице, а 1.016 лица се повредени

Портпаролот на Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) Сутопо Пурво Нугрохо истакна дека бројот на загинатите во цунамито што го погоди теснецот Сунда помеѓу островите Суматра и Јава, се зголеми на  281 лице, а 1.016 лица се повредени

1112256
Билансот на жртвите од цунамито во Индонезија се искачи на 281 лице, а 1.016 лица се повредени
endonezya tsunami.jpg
endonezya tsunami1.jpg
endonezya tsunami2.jpg

Бројот на жртвите во цунамито што го погоди теснецот Сунда во Индонезија се зголеми на 281 лице.

Портпаролот на Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) Сутопо Пурво Нугрохо во објавеното соопштение истакна дека бројот на загинатите во цунамито што го погоди теснецот Сунда помеѓу островите Суматра и Јава, се зголеми на  281 лице, а 1.016 лица се повредени.

Нугрохо информира дека поради цунамито 57 лица се водат како исчезнати и нагласувајќи дека од 2012 наваму во основа постои проблем во системот за предупредување од цунами напомена дека овој систем за предупредување треба да се обнови.

Од друга страна народот во објавите кои што ги споделува преку социјалните медиуми истакнува дека до човечки загуби е дојдено поради нефункционирањето на системот за предвремено предупредување од цунами и дека за жртвите се одговорни властите.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје и се наведува дека досега повеќе од 3 илјади лица го напуштиле погоденото подрачје.

Функционери на Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) соопштија дека причина за појава на џиновските бранови цунами биле последните ерупции на вулканот Анак Кракатау (синот на Кракатау) кој се наоѓа во ова подрачје.

По интензивирањето на ерупцијата на вулканот Анак Кракатау во септември алармната состојба во областа беше покачена на највисок втор степен.

Инаку, во земјотресот со јачина од 7,5 степени што се случи во заливот Палу на островот Сулавеси на 28 септември и цунамито кое што следеше потоа,  беше соопштено дека животот го загубија повеќе од 2 илјади лица, а приближно 1.500 лица се водат како исчезнати.

 



Слични вести