Индонезија погодена од цунами: Загинаа 168 лица, а стотици се повредени

Според првични информации во цунамито кое го погоди теснецот Сунда помеѓу островите Суматра и Јава во Индонезија загинаа 168 лица, 745 лица се повредени, а 20 лица се водат како исчезнати

1111876
Индонезија погодена од цунами: Загинаа 168 лица, а стотици се повредени

Во цунамито што го погоди теснецот Сунда во Индонезија според првични информации животот го загубија 168 лица, а 745 лица се повредени.

Портпаролот на Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) Сутопо Пурво Нугрохо во објавеното соопштение истакна дека во цунамито до кое дошло во теснецот Сунда помеѓу островите Суматра и Јава животот го загубија 168 лица.

Нугрохо ја сподели информацијата дека има 745 повредени, а 20 лица се водат како исчезнати, и  дека место кое е најмногу погодено од цунамито Бантен во областа Панденгланг.

Како што истакна Нугрохо се добиени информации дека во погодената област биле оштетени 430 куќи и 9 хотели, како и 10 бродови.

Се наведува дека причина за појава на џиновските бранови цунами можеби биле последните ерупции на вулканот Анак Кракатау (синот на Кракатау).

Институцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ) пак, издаде предупредување да не се водат активности на крајбрежјето околу теснецот.

Локалните медиуми наведуваат дека цунамито можеби е поттикнато од плимата и осеката поради појавата на новата месечина и лизгањето на земјиштето под морето до кои што дошло по ерупцијата на вулканот Анак Кракатау кој што е активен во областа.

Додека продолжуваат активностите за пребарување и спасување од широк обем во погодените места од цунамито, постои загриженост од зголемување на бројот на загинатите, а поради тоа што голем број туристички места во крајбрежниот појас се погодени од цунамито.

По интензивирањето на ерупцијата на вулканот Анак Кракатау во септември алармната состојба  во областа беше покачена на највисок втор степен.

Во земјотресот со јачина од 7,5 степени што се случи во заливот Палу на островот Сулавеси на 28 септември и цунамито кое што следеше потоа,  беше соопштено дека животот го загубија повеќе од 2 илјади лица, а приближно 1.500 лица се водат како исчезнати.

 



Слични вести