Џиновските бранови цунами во Индонезија досега одзедоа 222 животи, а 843 лица се повредени

Портпаролот на Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) Сутопо Пурво Нугрохо истакна дека бројот на загинатите во цунамито го погоди теснецот Сунда помеѓу островите Суматра и Јава, се зголеми на  222 лица, а 843 лица се повредени

1112161
Џиновските бранови цунами во Индонезија досега одзедоа 222 животи, а 843 лица се повредени
endonezya tsunami1.jpg
endonezya tsunami.jpg
endonezya tsunami2.jpg
endonezya tsunami.jpg

Бројот на жртвите во цунамито што го погоди теснецот Сунда во Индонезија се зголеми на 222 лица, бројот на повредените изнесува 843 лица, а 28 лица се водат како исчезнати.

Портпаролот на Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) Сутопо Пурво Нугрохо во објавеното соопштение истакна дека бројот на загинатите во цунамито што го погоди теснецот Сунда помеѓу островите Суматра и Јава, се зголеми на  222 лица, а 843 лица се повредени.

Нугрохо информира дека досега 28 лица се водат како исчезнати и дека во погоденото подрачје се оштетени 565 куќи и 9 хотели, како и 350 чамци и бродови.

Тој ја сподели информацијата дека досега нема странски државјани кои биле погодени од цунамито и дека најмногу погодени области од џиновски бранови се Пандегланг, Серанг, Лампунг и Тангамус.

Поради тоа што додека се уште продолжуваат работите за евакуација и пребарување и спасување има области до кои што не може да се пристигне се стравува од зголемување на бројот на жртвите во оваа елементарна непогода.

Институцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ) пак, издаде предупредување да не се водат активности на крајбрежјето околу теснецот.

Воедно и функционерите на Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) истакнаа дека причина за појава на џиновските бранови цунами биле последните ерупции на вулканот Анак Кракатау (синот на Кракатау).

По интензивирањето на ерупцијата на вулканот Анак Кракатау во септември алармната состојба  во областа беше покачена на највисок втор степен.

Во земјотресот со јачина од 7,5 степени што се случи во заливот Палу на островот Сулавеси на 28 септември и цунамито кое што следеше потоа,  беше соопштено дека животот го загубија повеќе од 2 илјади лица, а приближно 1.500 лица се водат како исчезнати.

 



Слични вести