Самоубиствен напад во Могадишу во Сомалија: Загинаа 16 лица, а над 20 се ранети

Самоубиствен напаѓач со возило натоварено со бомби удри во контролен пункт во сомалискиот главен град Могадишу и во експлозијата до која дојде животот го загубија 16 лица, а повеќе од 20 лица се ранети

1111797
Самоубиствен напад во Могадишу во Сомалија: Загинаа 16 лица, а над 20 се ранети

Во реализиран самоубиствен напад со возило натоварено со бомби на еден контролен пункт во главниот град на Сомалија, Могадишу животот го загубија 16 лица, а повеќе од 20 лица се ранети.

Според добиени информации од безбедносни извори, возило натоварено со бомби управувано од страна на самоубиствен напаѓач во моментот кога се обидело да ги премине бариерите на влезот на Сомалискиот театар во главниот град Могадишу удрило во контролен пункт.

Во експлозијата до која дојде под дејство на ударот животот го загубија 16 лица меѓу кои се наоѓаат и помошникот градоначалник на Могадишу Мухамед Абдулах Тулах, пратеникот Варсеми Џудах и новинарот вработен во Универсал ТВ Авл Тахир Салед, а повеќе од 20 лица се ранети од кои повеќето војници. 

Од друга страна, беше реализиран бомбашки напад и на плоштадот на Незнајниот војник во Могадишу, но во овој напад немаше загинати или ранети.

Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација Еш-Шебаб.

 



Слични вести