Работата на Федералната влада на САД, по трет пат оваа година, делумно блокирана

Поради несогласувањето што се појави во однос на новиот буџет помеѓу Конгресот и Белата куќа, Федералните јавни институции останаа без финансии и заклучно со 22 декември, сабота, од 00:01 часот мораа да ја прекинат својата работа

1111659
Работата на Федералната влада на САД, по трет пат оваа година, делумно блокирана

Поради буџетската криза што се појави поради финансирањето на изградбата на ѕидот во должина на границата со Мексико, работата на Федералната владата на САД, по трет пат оваа година, е делумно и за привремено блокирана.

Буџетската криза што се појави со истапот на американскиот претседател Доналд Трамп кој рече дека нема да стави потпис на привремениот нацрт-буџет кој што не содржи финансирање за изградбата на ѕидот долж границата со Мексико, откако не отстапија и демократите, резултира со делумно блокирање (затворање) на Федералната влада.

Поради ова несогласување во однос на новиот буџет помеѓу Конгресот и Белата куќа, Федералните јавни институции останаа без финансии и заклучно со 22 декември, сабота, поточно од 00:01 часот мораа да ја прекинат својата работа.

На тој начин милиони Американци кои работат во федералните институции кои ќе останат затворени сѐ додека на сила не стапи новиот буџет, во овој период ќе работат без да примаат плата (надомест) или ќе одат на задолжителен одмор.

Од друга страна, ова блокирање (затворање) не се однесува на секретаријатите на САД за одбрана, здравство, труд и образование, за кои буџетот во износ од 854 милијарди долари е усвоен во септември оваа година, и за кои ќе се обезбедуваат финансии во текот на новата финансиска година која започна од 1 октомври.

Едно од главните ветувања на американскиот претседател Доналд Трамп беше изградбата на ѕид долж границата со Мексико. Но со оглед на тоа што демократите одбија да поддржат во буџетот да се одделат додатни 5 милијарди долари за овој ѕид, Федералната влада е блокирана по трет пат оваа година.

Федералната влада чија работа е делумно блокирана во ваква иста состојба западна уште на два пати во почетокот на оваа година.

Поради буџетската криза која што беше доживеана поради слични несогласувања федералните институции беа затворени т.ј. блокирани и од 20 до 23 јануари на почетокот на оваа година, на првата годишнина од претседателскиот мандат на Трамп во Белата куќа.

Истата состојба беше доживеана и на 9 февруари и траеше само неколку часа.

Работата на Федералната влада на САД, вклучувајќи го и овој пат сега, е блокирана за делумно и привремено вкупно 21 пат досега.

 



Слични вести