Мистура: Списокот со 50 имиња на Уставниот комитет за Сирија ќе треба да се преразгледа

Мистура истакна дека ООН не гледаат позитивно да бидат одобрени сите 50 имиња кои што се предложени за членови за Уставниот комитет од чија страна ќе биде напишан новиот устав на Сирија и рече дека овој список ќе треба да се преразгледа

1111148
Мистура: Списокот со 50 имиња на Уставниот комитет за Сирија ќе треба да се преразгледа

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура кој на крајот на годината ќе ја напушти оваа своја должност на последниот брифинг што го приреди во Советот за безбедност на ОН даде изјави во врска со Уставниот комитет за Сирија.

Мистура истакна дека ООН не гледаат позитивно да бидат одобрени сите 50 имиња кои што се предложени за членови за Уставниот комитет од чија страна ќе биде напишан новиот устав на Сирија, а како што напомена поради тоа што не ги исполнуваат потребните критериуми од аспект на „доверливоста“ и „урамнотеженоста т.ј. избалансираноста“.

Затоа Мистура рече дека списокот со доставени имиња кои ќе членуваат во Уставниот комитет за Сирија треба да биде преразгледан. 

Велејќи дека во Уставниот комитет ќе се наоѓаат 150 лица, членови од по 50 лица од три одделни групи и тоа сирискиот режим, опозицијата и претставници на граѓански организации, Мистура  напомена дека 45 лица пак од по 15 лица кои ќе бидат избрани од овие три групи ќе го подготват новиот устав на Сирија.    

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура кој оваа должност ја извршува 4 години и 4 месеци на крајот на овој месец ќе ја напушти оваа должност која што ќе му ја отстапи на норвешкиот дипломат Геир Педерсен.



Слични вести