Бројот на загинатите во експлозијата во рудник во Чешка се зголеми на 13 рудари

Портпаролот на рударската компанија Иво Челеховски истакна дека 11 од 13'те загинати рудари во експлозијата се полски граѓани и двајца граѓани на Чешка, а се повредени и 10 рудари

1111351
Бројот на загинатите во експлозијата во рудник во Чешка се зголеми на 13 рудари

Бројот на загинатите во експлозијата во еден рудник во близина на градот Карвин во североисточниот дел на Чешка се зголеми на 13 рудари.

Портпаролот на рударската компанија Иво Челеховски истакна дека 11 од 13'те загинати рудари во експлозијата се полски граѓани и двајца граѓани на Чешка, а се повредени и 10 рудари.

Челеховски рече дека причината за експлозијата е метан гас.

Како што се наведува експлозијата се случила на длабочина од приближно 800 метри под земјата.

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки и чешкиот премиер Андреј Бабиш испратија пораки со сочувство до семејствата на загинатите рудари.

Двајцата лидери денеска се очекува да го посетат и рудникот во кој се случи несреќата.



Слични вести