Авганистан: Повлекувањето на САД нема да влијае на безбедноста во земјата

Портпаролот на претседателството на кабинетот на Авганистан Харун Чахансури истакна дека повлекувањето на САД нема да има било какво влијание на безбедноста на земјата

1111476
Авганистан: Повлекувањето на САД нема да влијае на безбедноста во земјата

Портпаролот на претседателскиот кабинет на Авганистан Харун Чахансури објави писмено соопштение во кое истакна дека повлекувањето на САД од Авганистан нема да влијае на безбедноста на земјата.

Чахансури напомена дека авганистанските безбедносни сили одговорноста за безбедноста на земјата ја презедоа од странските сили пред четири и пол години.

Во соопштението се потсетува дека странските сили долги години како им даваат обука и инструкции на авганистанските безбедносни единици, а воедно се нагласува дека затоа повлекувањето на единиците на странските земји нема да има било какво влијание на безбедноста.

Во соопштението се подвлекува дека конечна цел на авганистанската управа и авганистанскиот народ е безбедносните сили да можат да застанат на свои сопствени нозе и да можат да ги одбранат сопствените територии.

Во истото соопштение се укажува на тоа дека единиците за одбрана и безбедност со секој поминат ден се повеќе зајакнуваат и се додава дека доказот за тоа е и успехот што се постигнува во борбата против тероризмот.

Инаку, се тврдеше дека американскиот претседател Доналд Трамп по донесената одлука за повлекување од Сирија ќе повлече повеќе од 7 илјади американски војници и од Авганистан.

Американскиот печат во вестите кои што ги објави ослонувајќи се на анонимни функционери наведе дека Трамп ќе повлече приближно половина од американските војници во Авганистан.

САД моментално во Авганистан располагаат со повеќе од 14 илјади свои војници.

 



Слични вести