„Жолтите елеци“ блокирале 360 патишта низ Франција

Францускиот заменик-министер за внатрешни работи Лорен Нунез во дадената изјава за радиото „RMC“ истакна дека полицијата од саботата досега деблокирала 170 патишта кои што биле блокирани низ целата земја од страна на „Жолтите елеци“

1110296
„Жолтите елеци“ блокирале 360 патишта низ Франција

„Жолтите елеци“ во рамките на протестите кои што ги продолжуваат блокирале 360 патишта низа цела Франција.

Францускиот заменик-министер за внатрешни работи Лорен Нунез во дадената изјава за радиото „RMC“ истакна дека полицијата од саботата досега деблокирала 170 патишта кои што биле блокирани низ целата земја од страна на „Жолтите елеци“. 

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер пак претходно истакна дека жолтите елеци треба да престанат со акциите за блокирање на патиштата низ земјата.

Кастанер притоа рече: „Од почетокот на протестите досега животот го загубија 8 лица. Дали знаете друг социјален проблем во последните 30 години во кој загинале толку луѓе? Отворено велам. Доста е веќе.“

Инаку, „Жолтите елеци“ од 17 ноември одржуваат големи протести низ цела Франција на чело со главниот град Париз и во тие рамки реализираат акции за блокирање на голем број улици и патишта низ целата земја.

Демонстрациите на "Жолтите елеци" како реакција против поскапувањето на горивото и влошувањето на економските услови во Франција започнаа на 17 ноември, потоа се претворија во гнев против управата на претседателот Емануел Макрон и на крајот прераснаа во најсилни протести во последните години во оваа земја.

Демонстрантите од кои мнозинството го сочинуваат лица кои поради високите кирии во големите градови живеат во предградијата и руралните подрачја, бараат од францускиот претседател Емануел Макрон да ги подобри економските услови во земјата.

Освен тоа „Жолтите елеци“ бараат прашањата кои што одблизу го засегаат животот на граѓаните во земјата и законите кои што ќе бидат донесени во врска со тоа да бидат поставени на гласање пред народот на референдум.

На одржаните протести во Франција досега животот го загубија 8 лица, приближно 4.341 лице се притворени, а повеќе од илјада лица се повредени.



 



Слични вести