Трамп: Одлуката за повлекување од Сирија не е изненадувачка, дојде времето за враќање дома

Американскиот претседател Доналд Трамп во соопштението што го објави на Твитер наведе дека одлуката за повлекување од Сирија не е изненадувачка и дека дојде времето за враќање дома

1110753
Трамп: Одлуката за повлекување од Сирија не е изненадувачка, дојде времето за враќање дома

Американскиот претседател Доналд Трамп во соопштението што го објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, во врска со одлуката за повлекување од Сирија за која што рече дека не е изненадувачка истакна дека долги години водел борба за тоа.

Трамп наведе дека одлуката за повлекување од Сирија не е изненадувачка и дека дојде времето за враќање дома.

Велејќи дека и пред 6 месеци на мошне јасен начин посакал да се повлечат од Сирија, но потоа се согласил да останат уште одредено време, Трамп рече: „Русија, Иран, Сирија и другите се локални непријатели на терористичката организација ДЕАШ. Таму работата ја реализиравме ние. Време е за враќање дома и за реконструкција.“

Тој го изнесе следниот коментар: „Дали сакаме вечно да останеме таму? Веќе е време да војуваат другите...“

Американскиот претседател Доналд Трамп во соопштението што го објави вчера на својата сметка на социјалната мрежа Твитер истакна дека терористичката организација ДЕАШ во Сирија е поразена и напиша: „Дојде времето нашите војници да се вратат дома.“ 

Трамп ја изнесе констатацијата „Долго време како војуваме во Сирија. Приближно 2 години како сум претседател на САД, навистина постигнавме напредок и ја победивме ДЕАШ.“

„Лошо ја победивме ДЕАШ и повторно ги зазедовме териториите.“ - рече Доналд Трамп.



Слични вести