Хеико Мас за одлуката на САД за повлекување од Сирија: Опасноста од ДЕАШ не е одмината

Германскиот министер за надорешни работи Хеико Мас во врска со одлуката на САД за повлекување од Сирија истакна дека терористичката организација ДЕАШ е одбиена но дека опасноста не е одмината

1110848
Хеико Мас за одлуката на САД за повлекување од Сирија: Опасноста од ДЕАШ не е одмината

Германскиот министер за надорешни работи Хеико Мас во објавеното писмено сооштение правејќи проценка на одлуката на САД за повлекување од Сирија истакна дека оваа ненадејна промена на насоката од страна САД за нив само не беше изненадување.

Мас во врска со оваа одлука рече: „Постои опасност последиците од оваа одлука да и наштетат на борбата против терористичката организација ДЕАШ и да западнат во ризик постигнатите успеси."

Велејќи дека терористичката организација ДЕАШ е одбиена но дека опасноста не е одмината, Мас напомена дека се уште постојат структури под земјата и дека терористите се активни во источните делови на Сирија.

Тој потсети дека борбата против терористичката организација ДЕАШ и тоа и со воени и со цивилни методи, ќе може да се согледа и да биде позната во долг временски период.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас нагласи дека за ставање примена на стабилноста постои потреба од безбедност и политички поредок, а воедно додаде дека поради тоа се работи со партнерите за воспоставување на политичкиот процес.

 



Слични вести