ЕУ воведува забрана за користење на пластиката за еднократна употреба

Откако забраната ќе биде формално одобрена, земјите ќе имаат временски период од две години да ја имплементираат

1110065
ЕУ воведува забрана за користење на пластиката за еднократна употреба

Во рамките на борбата против пластичниот отпад во морињата, ЕУ од 2021 година планира да ја забрани употребата на пластиката и пластичните садови за еднократна употреба.

Еврокомисијата соопшти дека Европскиот парламент и Советот на Европа постигнаа согласност во врска со регулативите а воведување забрана за употреба на пластичните садови за еднократна употреба.

Според регулативите, од 2021 година се предвидува соодветни алтернативи наместо на пластичните производи за еднократна употреба.

Претставниците од 28-те земји членки на ЕУ и Европскиот парламент денес истакнаа дека ја следат препораката дадена во текот на оваа година од страна на извршната институција на блокот, Европската комисија.

Откако забраната ќе биде формално одобрена, земјите ќе имаат временски период од две години да ја имплементираат.

Оваа мерка, исто така, ќе ги вклучи и пластичните памучни стапчиња и стапчињата за пијалаци, пластичните држачи за балони и пластичните и полистиренските садови за еднократна употреба и садовите за пијалаци.

ЕУ, исто така, сака да ја зголеми употребата на рециклирана пластика и да ја намали количината на ситните честички пластика кои се ослободуваат од влажните марамчиња, филтерот за цигари и од друго.

Постои зголемена загриженост за акумулирањето на таканаречената микропластика во океаните.

За озаконување на постигнатиот компромис Советот на Европа и Европскиот парламент  треба официјално да ја одобрат забраната.



Слични вести