ЕУ го стави во примена акциониот план за итна состојба во случај на „разделба без договор“

Почна да се применува акциониот план за итна состојба кој што ги содржи мерките кои што ќе бидат преземени кон одредени сектори, во случај во процесот на Брегзит со Велика Британија (излез од ЕУ) се доживее „разделба без договор“

1110131
ЕУ го стави во примена акциониот план за итна состојба во случај на „разделба без договор“

Европската унија (ЕУ), во рамките на подготовките за излегување на Велика Британија од Унијата без договор го стави во примена планот за итна состојба.

Во објавеното соопштение од Комисијата на Европската унија (ЕУ) се истакнува дека почна да се применува акциониот план за итна состојба кој што ги содржи мерките кои што ќе бидат преземени кон одредени сектори, во случај во процесот на Брегзит со Велика Британија (излез од ЕУ) се доживее „разделба без договор“.

Во соопштението се истакнува дека Велика Британија во рок од 100 дена ќе излезе од Европската унија (ЕУ) и се наведува дека планот содржи во случај на разделба без договор да бидат ставени во примена привремени мерки во правец на ограничување на „штетата“ до која што ќе дојде во 14 сфери како што се финансиските услуги, воздушниот сообраќај, транспортот и царините.

Се подвлекува дека со цел да не дојде до прекин на финансиските услуги ќе им се даде привремена и условна дозвола во времетраење од 12 месеци на финансиските институции на ЕУ кои се наоѓаат во Велика Британија.

Во соопштението се наведува дека на британските авиокомпании ќе им се овозможи да продолжат со своите летови во Европа уште една година и дека и на копнениот транспорт ќе му се овозможи да продолжи да ги реализираат своите активности за уште одредено време.

Освен тоа во соопштението се укажува и на тоа дека по разделбата ќе продолжат правата со кои што располагаат граѓаните на Европската унија (ЕУ) и Велика Британија, под услов да бидат взаемни.



Слични вести