Состанок на Турција, Русија и Иран во Женева за прогласување на Уставниот комитет за Сирија

На состанокот на министрите за надворшени работи на Турција, Русија и Иран и специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура се очекува да биде соопштена одлуката за формирање на Уставниот комитет за Сирија

1109116
Состанок на Турција, Русија и Иран во Женева за прогласување на Уставниот комитет за Сирија

Денеска ќе биде фрлен уште еден значаен чекор во рамките на напорите кои што се водат за изнаоѓање политичко решение за кризата во Сирија.

Во тој контекст министрите за надворешни работи на земјите гарантори на процесот од Астана, Турција, Русија и Иран денеска ќе се состанат во швајцарскиот град Женева.

На состанокот се очекува да биде соопштена одлуката за формирање на Уставниот комитет за Сирија од чија страна ќе биде напишан новиот устав на земјата.

На состанокот министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева ќе се состане со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф.

Со состанокот ќе претседава ќе претседава специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура и се очекува да биде соопштена одлуката за формирање на Уставниот комитет за Сирија од чија страна ќе биде напишан новиот устав на земјата

Како што се наведува во Уставниот комитет кој ќе биде составен од вкупно 150 членови, по 50 членови ќе бидат избрани од страна на режимот и опозиционерите, а останатите 50 членови ќе бидат избрани од страна на специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура меѓу сириски интелектуалци и претставници на граѓански организации.

На четвртиот самит за Сирија што се одржа на 27 октомври во Истанбул лидерите на Турција, Русија, Германија и Франција (Реџеп Тајјип Ердоган, Владимир Путин, Ангела Меркел и Емануел Макрон),  постигнаа согласност Уставниот комитет да се формира до 31 декември.



Слични вести