Месуд Барзани и МакГурк разговараа за последната политичка и безбедносна состојба во Сирија

Средбата помеѓу делегациите на чело со поранешниот претседател на Регионалната курдска управа во Ирак Месуд Бразани и специјалниот претставник на Трамп за борба против ДЕАШ Брет МакГурк беше затворена за медиумите и се одржа во градот Салахадин

1108989
Месуд Барзани и МакГурк разговараа за последната политичка и безбедносна состојба во Сирија

Поранешниот претседател на Регионалната курдска управа во Ирак Месуд Барзани се состана со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за борба против терористичката организација ДЕАШ Брет МакГурк.

На средбата стана збор за последната политичка и безбедносна состојба во Сирија.

Средбата помеѓу делегациите на чело со Бразани и МакГурк беше затворена за медиумите и се одржа во градот Салахадин.

Како што се истакнува било разговарано за борбата против терористичката организација ДЕАШ и стратегијата на САД во Сирија, при што било ставено акцент на последната политичка и безбедносна состојба во Сирија.

Поранешниот претседател на Регионалната курдска управа во Ирак Месуд Барзани ги изнесе своите грижи во врска со иднината на Курдите во Сирија и ги сподели со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за борба против терористичката организација ДЕАШ Брет МакГурк своите размислувања во однос на можните ризици.

На средбата со делегацијата на чело со поранешниот претседател на Регионалната курдска управа во Ирак Месуд Барзани присуствуваа и претставникот на коалицијата предводена од САД за борба против ДЕАШ Вилијам Робик, амбасадорот на САД во багдад Даглас Силиман и генералниот конзул на САД во Ербил Стив Фагин.



Слични вести