Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер лут на „Жолтите елеци“

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер беше лут на протестите на жолтите елеци и рече: „На протестите животот го загубија 8 лица. Дали знаете друг социјален проблем во последните 30 години во кој загинале толку луѓе? Доста е веќе“

1108820
Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер лут на „Жолтите елеци“
Christophe Castaner.jpg
fransa.jpg

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер за време на остварената посета на Нантер, западно предградие на главниот град Париз, даде изјави во врска со протестите на жолтите елеци.

Подвлекувајќи дека жолтите елеци треба да престанат со акциите на блокирање на патиштата низ целата земја, Кастанер беше лут на протестите на жолтите елеци во врска со што рече: „Од почетокот на протестите досега животот го загубија 8 лица. Дали знаете друг социјален проблем во последните 30 години во кој загинале толку луѓе? Отворено велам. Доста е веќе.“

Министерот Кастанер напомена дека ќе продолжат работите кои што беа започнати минатата недела за отворање на блокираните патишта низ земјата и го подвлече следното: „Не можеме да ја парализираме економијата на земјата со блокирање на патиштата.“

Инаку, „Жолтите елеци“ ги оценија за недоволни изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон и во сабота на крајот на изминатата недела по пети пат излегоа на улиците низ Франција.

Демонстрациите на "Жолтите елеци" како реакција против поскапувањето на горивото и влошувањето на економските услови во Франција започнаа на 17 ноември, потоа се претворија во гнев против управата на претседателот Емануел Макрон и на крајот прераснаа во најсилни протести во последните години во оваа земја.

Демонстрантите од кои мнозинството го сочинуваат лица кои поради високите кирии во големите градови живеат во предградијата и руралните подрачја, бараат од францускиот претседател Емануел Макрон да ги подобри економските услови во земјата.

Освен тоа „Жолтите елеци“ бараат прашањата кои што одблизу го засегаат животот на граѓаните во земјата и законите кои што ќе бидат донесени во врска со тоа да бидат поставени на гласање пред народот на референдум.

На одржаните протести во Франција досега животот го загубија 8 лица, приближно 4.341 лице се притворени, а повеќе од илјада лица се повредени.

За време на протестите беше предизвикана штета во 280 купопродажни центри во Франција и причинетата штета се проценува на околу 2 милијарди евра.

Освен тоа поради протестите на патиштата биле предизвикани штети во износ од неколку милиони евра.

 



Слични вести