Џефри призна дека групите со кои се партнери во Сирија се под контрола на терористичката ЈПГ/ПКК

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри призна дека групите со кои се партнери (работат заедно) во Сирија се под контрола на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

1108947
Џефри призна дека групите со кои се партнери во Сирија се под контрола на терористичката ЈПГ/ПКК

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри учествуваше на еден панел во американскиот главен град Вашингтон.

Во говорот што го одржа во оваа пригода Џефри призна дека групите со кои се партнери (работат заедно) во Сирија се под контрола на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Тој рече: „Поголемиот дел од групите чиј сме партнери во Сирија се под контрола на ПЈД/ЈПГ која е поврзана со ПКК. Оваа состојба предизвикува загриженост за Турција. Ги разбираме грижите на Турција и сме приврзани кон нејзината безбедност.“   

Џејмс Џефри истакна дека прашањето било разгледано на остварениот телефонски разговор во петокот минатата недела помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп и за време на неговата посета што ја оствари минатата недела на Турција.

Специјалиот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри продолжи со неговите исповеди во врска со сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и истакна дека се обидуваат како што рече „да се овозможи терористичката организација да биде вградена во ткивото на општеството во Сирија“.

Од друга страна, Џефри одговори и на едно поставено прашање во врска со тоа дека вчера приближно 100 припадници на курдските сили Пешмерги од Ирак преминале во Сирија и притоа истакна дека САД и ЈПГ/ПКК биле информирани за преминот на Пешмергите. 

Џејмс Џефри се осврна и на ситуацијата во која се наоѓа Ирак и рече дека не знаат како ќе се воспостави стабилноста во регионот.



Слични вести