Бројот на жртвите во вчерашниот пожар во една болница во Мумбаи во Индија се искачи на 8 лица

Во пожарот што избувна вчера во една болница во предградие на градот Мумбаи во Индија животот го загубија уште две лица со што бројот на загинатите се искачи на 8 лица, а 147 лица се повредени од кои повеќето болни и вработени во болницата

1109453
Бројот на жртвите во вчерашниот пожар во една болница во Мумбаи во Индија се искачи на 8 лица

Бројот на жртвите во пожарот што се појави вчера во една болница во градот Мумбаи во Индија се зголеми на 8 лица, а 147 лица се повредени.

Според објавените вести во индискиот печат, во соопштението кое што било објавено од канцеларијата за управување со елементарни непогоди во пожарот што избувна вчера во четири спратната болница ESIC Kamgar во населелното место Андхери, предградие на Мумбаи и за кој се претпоставува дека се појавил поради краток спој на електричната линија животот го загубија уште две лица со што бројот на загинатите се искачи на 8 лица, а 147 лица се повредени од кои повеќето болни и вработени во болницата.

Пожарникарни функционери ја споделија информацијата дека меѓу жртвите во пожарот што избувнал на третиот спрат на болницата и за кусо време се проширил на четвртиот спрат се наоѓа и едно бебе.

Исти функционери истакнаа дека чадот кој што почнал да се издигнува од огнените јазици кои што за кусо време пораснале ја зафатиле целата болница и дека повеќето од 140 лица кои се спасиле со здобиени повредени во пожарот биле префрлени на лекување во различни болници, додека 25 лица од нив биле тешко повредени.

Засега не е точно позната пртичината за појава на пожарот, но се вели дека болницата била неуспешна на тестирањето за безбедност кое што било реализирано пред две недели.

Градоначалникот на Мумбаи Вишанат Махадешвар кој го посети местото на настанот истакна дека ќе биде започната истрага во врска со пожарот и дека при утврдување на било каква вина ќе бидат најстрого применувани законите против одговорните.

Индиски функционери претходно соопштија дека во пожарот за кој што се претпоставува дека избувнал поради краток спој на електричната линија животот го загубија 6 лица, а 129 лица се повредени.



Слични вести