Во воздушен напад на коалицоните сили на џамија кај Деир ез-зор во Сирија загинаа 17 цивили

Коалиционите сили предводени од САД извршија воздушен напад на џамија во селото Бухатир, кое се наоѓа под контрола на терористичката организација ДЕАШ, во источниот дел на градчето Хеџин и источно од градот Деир ез-Зор

1108054
Во воздушен напад на коалицоните сили на џамија кај Деир ез-зор во Сирија загинаа 17 цивили

Во реализиран воздушен напад од страна на коалиционите сили предводени од САД, на една џамија во близина на градот Деир ез-зор во Сирија, животот го загубија 17 цивили.

Продолжуваат да се доживуваат цивилни загуби во нападите кои што се реализираат од страна на коалицијата за борба против терористичката организација ДЕАШ, врз цивилните населени места и селата во околината на градчето Хеџин кое се наоѓа во источното рурално подрачје на градот Деир ез-Зор.

Според добиени информации од локални извори во Деир ез-Зор, воен авион на коалиционите сили во раните утрински часови реализирал воздушен напад на џамија во селото Бухатир, кое се наоѓа под контрола на терористичката организација ДЕАШ, во источниот дел на градчето Хеџин и источно од градот Деир ез-Зор.

Во нападот животот го загубија 17 цивили.

Коалиционите сили и минатиот месец реализираа напади врз џамии во месноста Сусе кај градчето Хеџин.

 



Слични вести