Фејсбук привремено го суспендира профилот на Јаир Нетанјаху

Јиар Нетанјаху: „Фејсбук на 24 часа ме блокира само поради мојата критика. Неверојатно е полициското однесување на Фејсбук“.

1108413
Фејсбук привремено го суспендира профилот на Јаир Нетанјаху

Фејсбук привремено го суспендира профилот на Јаир Нетанјаху.

Сајтот за социјално вмрежување Фејсбук го избриша последното споделување на синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху чија цел беа палестинските муслимани и привремено му го суспендира профилот.

Споделувањето на Јиар Нетанјаху, синот на израелскиот премиер на Фејсбук на кое пишуваше „Без да си отидат сите Евреи или сите муслимани од овие територии (Палестина-Израел) нема да има мир. Јас го преферирам вториот избор.“ беше избришано од страна на сајтот за социјално вмрежување.

По бришењето на споделувањето кое беше мета на жалбите на Палестинците, Јиар Нетанјхану овојпат сајтот го обвини за „полициско однесување“.

По ова обвинување, Фејсбук на 24 часа го блокира профилот на синот на Нетанјаху.

Во пораката преку профилот на твитер синот Нетанјаху напиша:

„Фејсбук на 24 часа ме блокира само поради мојата критика. Неверојатно е полициското однесување на Фејсбук“.

Минатата ендела Јиар Нетанјаху во споделувањето преку Фејсбук го изнесе ставот дека за постигнување решение во регионот постојат само две солуции: „Без да си отидат сите Евреи или сите муслимани од овие територии (Палестина-Израел) нема да има мир. Јас го преферирам вториот избор.“ преку кој отворено го изнесе своето мислење дека не ги сака палестинските муслимани во регионот.

Јаир Нетанјаху 27 годишниот син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху честопати на социјалните медиуми се појавува со скандалозни пораки.



Слични вести