Бројот на мигранти во светот во 2000-2017 година со раст од 49 отсто се зголеми на 258 милиони

Центарот за анализа на податоци (GMDAC) на Меѓународната организација за миграција (IOM) во склопот на ОН соопшти дека бројот на мигрантското население во светот во периодот 2000-2017 година со раст од 49 отсто се зголеми на 258 милиони лица

1108549
Бројот на мигранти во светот во 2000-2017 година со раст од 49 отсто се зголеми на 258 милиони

Бројот на мигрантското население во светот во периодот 2000-2017 година со раст од 49 отсто се зголеми на 258 милиони.

Обединетите нации (ОН) секоја година 18 декември го одбележуваат како Меѓународен ден на мигрантите.

Според добиени информации од податоците на Центарот за анализа на податоци (GMDAC) на Меѓународната организација за миграција (IOM) во склопот на Обединетите нации (ОН), бројот на мигрантското население во целиот свет во периодот 2000-2017 година со остварен раст од 49 отсто се зголеми на 258 милиони лица.

Според тоа, мигрантското население кое во 2000 година изнесуваше 173 милиони, во 2005 година се зголеми на 191 милион, во 2010 година на 222 милиони, во 2015 година на 244 милиони и во 2017 година достигна до 258 милиони лица.

Процентот на мигрантите во споредба со населението во целиот свет во 1990 година изнесуваше 2,9 отсто, додека во 2015 година се зголеми на 3,3 отсто.

Овој процент, изнесува еден на секои 30 лица во светот чие вкупно население изнесува околу 7,3 милијарди луѓе.

Освен тоа, 52 отсто од мигрантите во светот се мажи, а 48 отсто жени. 

Мнозинството од мигрантите го сочинуваат лица помеѓу 30-34 години.



Слични вести