На вчерашните протести во Франција повторно имаше судири помеѓу демонстрантите и полицијата

Според вестите објавени во францускиот печат на вчерашните протести биле притворени 95 лица, додека полицијата соопшти дека на протестите во главниот град Париз учествувале 3 илјади лица

1107716
На вчерашните протести во Франција повторно имаше судири помеѓу демонстрантите и полицијата
fransa.jpg
fransa sari yelekli 15 aralik
fransa.JPG
fransa.jpg
fransa.JPG

На вчерашниот протест во францускиот главен град Париз организиран од страна на "Жолтите елеци" повторно дојде до затегнатост и нереди во кои имаше повредени и притворени лица.

Протестите кои на почетокот започнаа како реакција против поскапувањето на горивото, но потоа се преобразија во гнев и бунт против управата на францускиот претседател Емануел Макрон, и покрај сите претходни повици на владата за нивно завршување и неодржување "Жолтите елеци"" вчера повторно излегоа на улиците во голем број места на Франција.

Демонстрантите кои ветувањата на францускиот претседател Макрон ги сметаат за недоволни во петтата недела од протестите вчера повторно излегоа на улиците во голем број градови на земјата на чело со главниот град Париз.

Демонстрантите се собраа на Авенијата Шанз-Елизе и на плоштадот на Операта во центарот на Париз.

Вчера почна да расте затегнатоста помеѓу демонстранатите чиј број во споредба со изминатите недели беше помал и полицијата. На вчерашниот протест кој што се прошири и на помалите околни улици на Авенијата Шанз-Елизе по првата интервенција на француската полиција се водеа судии помеѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, додека полицијата одговори со бибер гас.

Во меѓувреме еден демонстрант кој беше повреден во окото беше пренесен во болница со амбулантно возило.

Демонстрантите тврдеа дека истрелани от фишек со бибер гас го погодил демонстрантот во окото.

Според вестите објавени во францускиот печат на вчерашните протести биле притворени 95 лица, додека полицијата соопшти дека на протестите во главниот град Париз учествувале 3 илјади лица.

Демонстрациите на "Жолтите елеци" како реакција против поскапувањето на горивото и влошувањето на економските услови во Франција започнаа на 17 ноември, потоа се претворија во гнев против управата на претседателот Емануел Макрон и на крајот прераснаа во најсилни протести во последните години во оваа земја.

Демонстрантите од кои мнозинството го сочинуваат лица кои поради високите кирии во централните места на големите градови живеат во предградијата и руралните подрачја, бараат од францускиот претседател Емануел Макрон да ги подобри економските услови во земјата.

 



Слични вести