Убиен вооружениот напаѓач на Божиќниот пазар во францускиот град Стразбур

29 годишниот Шериф Шекат, извршителот на вооружениот напад во вторник вечер на Божиќниот пазар во центарот на Стразбур е убиен во реализирана операција од страна на полицијата на улицата Лазаре во градот

1106562
Убиен вооружениот напаѓач на Божиќниот пазар во францускиот град Стразбур

Убиен вооружениот напаѓач кој во вторник вечер изврши напад на Божиќниот пазар во градот Стразбур во Франција.

Според вестите објавени во францускиот печат, 29 годишниот Шериф Шекат кој се оценува за извршител на вооружениот напад во вторник вечер на Божиќниот пазар во центарот на Стразбур, е убиен во реализирана операција од страна на полицијата на улицата Лазаре во градот. 

Во меѓувреме, е соопштено дека сестрата на напаѓачот Шекат вчера била притворена во главниот град Париз.

Во вестите објавени во францускиот печат се истакнува дека одговорноста за вооружениот напад ја презела терористичката организација ДЕАШ.

Инаку, во вторник вечер се слушнаа пукотници од областа во близина на Божиќниот пазар поставен на плоштадот „Place Kleber“, едниот од најпознатите плоштади на градот Стразбур во Франција.

Јавниот обвинител на Париз Реми Хеитз истакна дека во вооружениот напад животот го загубија 3 лица, а 12 лица се ранети од кои 6 мина потешко.

Беше соопштено дека вооружениот напаѓач по нападот избегал.

Јавниот обвинител Реми Хеитз истакна дека вооружениот напаѓач бил 29 годишниот Шериф Шекат и дека против ова лице претходно биле изречени 27 казни од страна на судовите во Франција, Германија и Швајцарија за извршени кривични дела кражба и силување.

 



Слични вести