Лавров: Списокот на Уставниот комитет за Сирија во основа е подготвен

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека со помош на Русија, Турција и Иран во основа е подготвен списокот на Уставниот комитет на кој што работат извесно време сирискиот режим и опозицијата

1107098
Лавров: Списокот на Уставниот комитет за Сирија во основа е подготвен

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по 39'от состанок на советот на министри за надворешни работи на Организацијата за црноморска економска соработка (ОЦЕС) во Баку, Азербејџан, информираше во врска со работите за формирање на Уставниот комитет за Сирија.

Лавров истакна дека со помош на Русија, Турција и Иран во основа е подготвен списокот на Уставниот комитет на кој што работат извесно време сирискиот режим и опозицијата, а воедно рече дека списокот во име на сириската страна на почетокот на идната недела ќе биде доставен до специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура.  

Рускиот министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ја изнесе и желбата на Русија за состанување на Уставниот комитет за Сирија на почетокот на 2019 година во Женева.

 



Слични вести