Американскиот Сенат го прогласи Мухамед бин Салман за одговорен за убиството на новинарот Кашикчи

Американскиот Сенат ја усвои нацрт-резолуција предложена од страна на Боб Коркер, претседателот на Комисијата за надворешни работи, со која саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман се прогласува за одговорен за убиството на новинарот Кашикчи

1106748
Американскиот Сенат го прогласи Мухамед бин Салман за одговорен за убиството на новинарот Кашикчи

Американскиот Сенат ја усвои нацрт-резолуцијата со која саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман се прогласува за одговорен за убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Усвоената заедничка резолуција беше предложена од страна на Боб Коркер, претседателот на Комисијата за надворешни работи на Сенатот.

Гласањето во Сенатот се одржа електронски.

Во усвоената нацрт-резолуција саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман се прогласува за одговорен за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој на 2 октомври беше жртва на ѕверско убиство во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул каде што отиде за да земе документ за венчавање. 

Во нацрт-резолуцијата се истакнува дека Сенатот верува оти убиството врз Кашикчи (Кашоги) е наредено од страна на принцот престолонаследник Салман и воедно се упатува повик до властите во Ријад „да побараат сметка од сите оние кои се вмешани во убиството на Кашикчи (Кашоги)“. 

Во нацртот исто така стои и повикот за ослободување на поборниците за човекови права Раваф и Самар Бедеви кои се наоѓаат во затвор во Саудиска Арабија и се вели дека официјален Ријад со купување на оружје од Кина и Русија ги вовлекува во тешка состојба односите со САД.   

Со усвојување на оваа нацрт-резолуција Сенатот на САД и официјално го прогласи саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман се прогласува за одговорен за убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

 



Слични вести